Се одржа 14та седница на Советот за развој на Скопскиот плански регион. На оваа седница се избираа приоритетните проекти од Скопскиот плански регион, со кои Центарот за развој на Скопски плански регион во периодот кој следи ќе има обврска да ги достави до Бирото за регионален развој во рамките на програмата за 2020 година.
Многу предлог проекти, идеи од страна на присутните беа дискутирани, но Советот одлучи апликативни да бидат следниве:
Листата со приоритетни проекти, Советот одлучи да се дополни и со 7 резервни проекти кои доколку има можност ќе се реализираат во истата година.
На оваа четиринаесетта седница на Советот за развој на Скопски плански регион, градоначалникот на Општина Гази Баба, г-дин Борис Георгиевски беше повторно избран за претседател на Советот за развој на Скопскиот плански регион.
Реизборот на претседателот беше едногласно усвоен од присутните градоначалници.
На крајот од седницата следеше куса презентација од страна на г-дин Оливер Вуксановиќ од Адвокатската Канцеларија Вуксановиќ за можноста за бесплатна правна помош во општините од Скопскиот регион.
[foogallery id=”6834″]