Одржан состанок помеѓу Раководителот на Центарот за развој на Скопски плански регион г-дин Љупчо Кец Мицковски и Раководителот на сектор за отпад, г-ѓа Aна Мазнева Каранфиловска. Секторот за управување со отпад ги остварува целите и приоритетите во делот на отпадот, што произлегуваат од стратешките и плански документи, учествува во процесот на целосно транспонирање на правото на ЕУ во националното законодавство, но и на локалано ниво и обезбедува висок степен на интегрирано управување со отпадот во Република Македонија, истакна г-ѓа Каранфиловска.
Како дел од ИПА програмата, Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со планските региони во период 2015-2017 година го изработи проектот “Изработка на неопходна документација за воспоставување на интегриран и финансиски самоодржлив систем за управување со отпад во Пелагониски, Југозападен, Вардарски и Скопски регион”.
Во рамките на проектот изработени беа следниве документи:
Целта на проектот беше постигнување на Интегриран и финансиски самоодржлив систем за управување со отпад во овие четири региони и за подобрување на животниоит стандард на приближно 1.200.000 жители кои моментално годишно произведуваат 330.000 тони отпад.
Во изминатиот период Центарот за развој на Скопски плански регион и Министерството за животна средина и просторно планирање имаа прекрасна соработка, со надеж дека таа ќе продолжи со вложување за подобро утре од аспект на животната средина за граѓаните од Скопскиот регион и пошироко.