На ден 30.11.2018 г. се одржа IX (деветата)седница на Советот за развој на Скопски плански регион. Покрај градоначалниците од Скопскиот регион, на седницата присутвуваа и претставници од Бирото за раегионален развој (БРР).
Седницата се одвиваше по дневниот ред:
На барање на присутните дневниот ред беше дополнет со точка – Избор на Раководител на Центарот за развој на Скопски плански регион, кој беше усвоен од страна на Градоначалниците.
Советот за развој на Скопски плански регион со мнозинство на гласови избра шест проекти со кои Центарот за развој на Скопски плански регион ќе аплицира со следните општини: Ѓорче Петров, Центар, Гази Баба, Арачиново, Илинден, Бутел, Шуто Оризари во Министерство за локална самоуправа/Биро за регионален. Средствата кои министерството ги кофинансира се во износ од 20 милиони денари.
Понатаму следеше информација од страна на преставници од Бирото за регионален развој кои информираа дека оваа година Влада на Р.Македонија го зголеми буџетот за околу 35% за проектите за сите Планските региони. Исто така се потенцираше дека преоектите кои не се од регионално значење нема да бидат воопшто разгледани.
Изборот за новиот Раководител беше спроведен од страна на Комисија која ја сочинуваат градоначалници од три општини од Скопскиот регион и тоа:
На седницата од страна на претседателот на Советот официјално беше претставен и назначен новиот Раководител на Центарот за развој на Скопски плански регион г-дин Љупчо-Кец Мицковски.
[foogallery id=”3459″]