На ден 26.12.2018 година во просториите на Општина Гази Баба се одржа десеттата Седница на Советот за развој на Скопски пласки регион. На Седницата претседаваше Претседателот на Советот, Градоначалникот на Општина Гази Баба, г-дин Борис Георгиевски.
На Седницата беа поканети и присуствуваа градоначалниците на општините од Скопскиот плански регион и претставници од општините. Присутните ги поздрави и направи краток осврт на точките од дневниот ред, Раководителот на Центарот за развој на Скопскиот плански регион, г-дин Љупчо Кец Мицковски.
Седницата се одвиваше по дневниот ред:
Присутните дискутираа и ги усвоија предложените годишни документи за работа на Центарот за развој на Скопски плански регион.
Под точка Разно бешe презентиран и повикот за соработка со Република Србија , во рамките на програмата “Европа на граѓаните” отворен од Европска Унија за наредната 2019 година.
{gallery}novosti/2018/2018.12.27:::0:0{/gallery}
[foogallery id=”3418″]