Во просториите на Стопанска Комора на Македонија на ден 14.09.2020 година се одржа XVIII (осумнаесеттата) Седница на Советот за развој на Скопски плански регион.
Седницата се одвивше согласно дневниот ред:
Покрај градоначалниците од Скопскиот регион и нивните преставници, на XVIII (осумнаесеттата) Седница на Советот за развој на Скопски плански регион присуствуваше и Претседатолот на Стопанска Комора на Македонија, г-дин Бранко Азески кој даде кусо излагање за поврзаноста на бизнис заедницата и општините во целост. Согласно четвртата точка од дневниот ред беше направена презентација за проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ на Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка од страна на преставници од Швајцарската агенција за развој и соработка. Не беше изоставена ниту информацијата за новиот четврти повик за Прекугранична соработка – Република Северна Македонија и Република Косово од страна на преставник од ЗТС антена- канцеларија, Куманово.
[foogallery id=”7350″]