• Контакт со нас:
  • +389 2 3244 033
  • +389 2 3244 011
  • contact@skopjeregion.gov.mk
Скопски плански регионLOGO-SKСкопски плански регионСкопски плански регион
  • Дома
  • За нас
    • За Скопскиот плански регион
    • За центарот
    • Годишни извештаи на Центарот
    • Програма за развој на планскиот регион
    • Акционен план за спрведување на Програмата
    • Предлог годишна листа на проекти за развој на планскиот регион
    • Финансиски план на Центарот за развој на планскиот регион
    • Завршна сметка на Центарот за развој на планскиот регион
  • Активности
    • Меѓународни активности
    • Соработка
    • Можности за финансирање
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Реализирани проекти 2009 / 2019
  • Актуелно
    • Вести
    • Седници на СПР
    • Јавни набавки
      • План за јавни набавки за 2020 година
    • Архива
      • Јавни набавки
      • Објави и огласи
      • План за јавни набавки (архива)
  • Галерија
  • Документи
    • Програма за развој
    • Годишни извештаи
    • Акционен план
    • Завршни сметки
    • Финансиски извештаи
    • Легислатива
  • Контакт

Скопски плански регион

  • Дома
  • Uncategorized @mk
  • Скопски плански регион
X Session of the Council for development of the Skopje region
15/03/2011
XI Седница на Советот за развој на Скопскиот плански регион
16/03/2011

Скопски плански регион

15/03/2011
I.               Профил на Скопскиот плански регион
 
Скопскиот плански регион го опфаќа басенот на Скопската котлина и зафаќа вкупна површина од 1812 км2 или 7% од територијата на Република Македонија. Овој регион опфаќа 17 општини од кои 10 се дел од градот Скопје како посебна единица на локалната самоуправа. Градот Скопје е составен од следните општини: Арачиново, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај, Центар, Чаир и Шуто Оризари.
Скопскиот плански регион има вкупно 578.144 жители. Густината на населеност изнесува 319 жители/км2 и е четири пати повисока од просекот на земјата (81 жители/км2). Во градот Скопје е концентрирано околу 88% од населението во регионот, односно 25,1% од вкупното население во земјата што укажува на огромната концентрација на населението во скопската агломерација.
 
            Табела 1: Општини во Скопскиот плански регион  
Бр.
Општина
Жители
Бр.
Општина
Жители
1
Аеродром
72.009
11
Арачиново
11.597
2
Бутел
36.154
12
Зелениково
4.077
3
Гази Баба
72.617
13
Илинден
15.894
4
Ѓорче Петров
41.634
14
Петровец
8.255
5
Карпош
59.666
15
Сопиште
5.656
6
Кисела Вода
57.236
16
Студеничани
17.246
7
Сарај
35.408
17
Чучер Сандево
8.493
8
Центар
45.412
 
 
 
9
Чаир
64.773
 
 
 
10
Шуто Оризари
22.017
 
 
 
 
Град Скопје
506.926
 
 
71.218
            Source: State Statistical Office of RM.
 
 
v Природни ресурси
 
Земјоделското земјиште во Скопскиот регион зафаќа површина од 79.571ха ( 6% од вкупната земјоделска површина во земјата), од кои 40.900ха (51%) се пасишта. Вкупната површина под шуми изнесува 76.636ха (7.5% од вкупните шуми во Република Македонија) што претставува 42% од вкупната територија на регионот.
Од досега истражените рудни наоѓалишта најважно економско значење имаат лежиштата на хромни руди во Радуша (во општина Сарај), а од неметалните оруднувања најзначајни се украсните камења и травертините во Кучково и Свиларе. Посебно минералошко значење имаат термалните и термо-минералните води во Катланово, кои даваат можност за развој на банскиот туризам на ова подрачје.  
Главен воден ресурс во Скопскиот плански регион е реката Вардар, со притоките Треска, Лепенец, Пчиња, Маркова и Кадина Река. На реката Треска подигнати се две акумулации Матка 1 и Козјак, а во изградба е и Матка 2. Покрај хидроенергетскиот потенцијал, Треска и Кадина река со своите амбиентални убавини нудат извонредни услови за рекреација и развој на туристичко-угостителски содржини.
 
           
 
 
v Природно и културно-историско наследство
 
Од природното и културно-историското наследство во Скопскиот плански регион, по својот туристички потенцијал посебно се издвојуваат археолошкиот локалитет Скупи, тврдината Кале, аквадуктот, старата градска чаршија во градот Скопје, бројни цркви и манастири, како и неколку природни резервати и споменици на природата, од кои најголем туристички потенцијал имаат Матка и езерото Треска.
 
 
v Економски карактеристики
 
Скопскиот регион е далеку најразвиениот регион во Република Македонија и учествува со дури 47% во создавањето на македонскиот БДП.
Најзначајни сектори во регионот се прехранбената индустрија, текстилната, печатарската, металопреработувачката, градежништвото, угостителството, трговијата, транспортот и деловните услуги. Носители на економскиот развој во Скопскиот регион се големите претпријатија кои доминираат со околу 51% во вкупното производство во нефинансискиот сектор, а следат малите и средните претпријатија со учество од 36% и 13%, соодветно. Сепак, во поглед на вработените доминираат малите претпријатија со учество од 51% во вкупниот број вработени.
Според официјалните статистички податоци, услугите доминираат со 60% во производството и 52% во вработувањата, а следи индустријата со 30% и 34%, соодветно. Земјоделството учествува со 1% во производството и 3% во вработувањата што упатува на релативно малото значење на земјоделството како примарна гранка, меѓутоа има значење од аспект на концентрацијата на големи преработувачки капацитети од прехранбената индустрија во овој регион. 
Условите за развој на земјоделството во Скопскиот плански регион се прилично лимитирани заради високото ниво на урбанизација на регионот и големата фрагментираност на земјоделските посеви што не оди во прилог на развивање на интензивно земјоделско производство.
Во овој регион главно се застапени житните култури и во извесна мера лозарството, додека индустриските култури се многу малку застапени и нема поголеми потенцијали за нивно ширење. Карактеристично за овој регион е што потенцијалот за развој на градинарството што го детерминира побарувачката на најголемиот пазар во земјата не е доволно искористен, иако подрачјето климатски одговара за овој тип култури. Што се однесува до сточарството, не е доволно развиено иако постои висока побарувачка за сточарски производи од страна на преработувачките капацитети.
 
 
v Комунална инфраструктура
 
Скопскиот плански регион има 1120 км водоводна мрежа која е претежно лоцирана во урбаните центри на општините. Врз основа на податоците од пописот 2002 година 97.2% од домаќинствата во овој регион се снабдени со вода за пиење. Во овој регион има 723км колекторска и градска мрежа која претежно е лоцирана во урбаните центри на општините. Покриеноста на населението со канализациона мрежа во урбаните средини се движи 85% во Скопје, додека во руралните средини се движи од 0% (септички јами или директни испусти) до 80%.
Депонирањето на цврстиот комунален отпад во Скопскиот плански регион се врши на единствената санитарна депонија „Дрисла“, која барем минимално ги задоволува основните санитарно-технички стандарди за безбедно депонирање на отпадот. Покрај „Дрисла“, на територијата на Скопскиот плански регион постојат неколку општински депонии кои не се евидентирани согласно Националниот план за управување со отпад.
 
v Сообраќајна инфраструктура
 
Постојната патна инфраструктура во Скопскиот плански регион се состои од околу 935км локални патишта, 67км магистрални, 324км регионални патишта и 86км автопат. Патната мрежа во овој регион е добро развиена, меѓутоа постојната состојба на дел од регионалните патишта (Р-103: Скопје – Петровец – Катланово, Р-117: Скопје – Зелениково и Р-403: Ѓорче Петров – Јегуновце) може да се оцени како лоша. Низ овој регион е планирано да поминуваат двата европски Коридори 8 и 10, што ќе придонесе за подобрување на состојбата. Обиколница на Скопе е дел од Коридорот 8 и е веќе во функција.
Скопскиот плански регион, поточно градот Скопје претставува централен железнички јазол. Вкупната должина на железничката мрежа е 94.78м, од кои 37.3км се дел од Скопскиот железнички јазол, 31.68км е должина на линијата Скопје – Волково – граница со Србија, 18.8км се дел од железничката линија Табановце – граница со Србија и 7км се дел од линијата Скопје – Кичево. 
Во поглед на воздушниот транспорт, во Скопскиот плански регион е лоциран еден од двата национални аеродроми – „Александар Велики“ што е од исклучително значење за функционирањето на регионот како стопански и административен центар на земјата. Во овој регион има и еден спортски аеродром од класа А, лоциран во близината на Скопје. Во Скопскиот плански регион е лоциран еден патен и еден железнички премин со Србија, како и еден граничен премин лоциран на аеродромот „Александар Велики“.
Посебно значајно за Скопскиот плански регион е што низ него поминува гасниот цевководен систем кој е лоциран на Коридорот 8. Вкупната должина на цевководот е 98км, од кои 18км поминуваат низ Скопскиот регион. Исто така, дел од нафтоводот Солун – Скопје поминува низ овој регион. 
 
v Енергија
 
Вкупната просечна годишна потрошувачка на електрична енергија во Скопскиот плански регион во периодот 2003-2006 година изнесува 1711GWh (околу 35.8% од вкупната потрошувачка во РМ) што претставува највисока потрошувачка во однос на другите региони како резултат на високата концетрираност на економските активности во овој регион. Покрај на електрична енергија, овој регион се јавува и како најголем потрошувач на другите видови на енергетски суровини – јаглен, нафтени деривати и гас.
Што се однесува до енергетските можности, во овој регион е значаен хидропотенцијалот на реката Треска преку ХЕЦ Козјак, ХЕЦ Св. Петка (која е во изградба) и ХЕЦ Матка. Со овие три хидроцентрали е заокружен инвестициониот зафат за искористување на енергетскиот потенцијал на реката Треска.
Исто така, за регионот е значајна изградбата на гасната електрана ТЕ-ТО Скопје со комбинирано производство на електрична и топлинска енергија, како и планираното проширување на магистралниот гасоводен систем од јужната страна, со што би се обезбедил гас за индустриските капацитети и домаќинствата што несомнено ќе претставува еколошки подобро решение за индустрискиот развој во регионот и ќе обезбеди почиста животна средина. 
 
 
 
 
 
 
 
II.            Програма за регионален развој на Скопскиот плански регион (2009-2014)
 
За потребите на планирањето на регионален развој и имплементацијата на мерките и инструментите за поттикнување на рамномерниот регионален развој, воспоставени се плански региони во Република Македонија. Планските региони се единиците на НТЕС трето ниво утврдени со акт на Владата на Р. Македонија за утврдување на номенклатурата на територијалните единици за статистика – НТЕС.
Планирањето на регионалниот развој се врши со плански документи кои се во согласност со: Просторниот план на Република Македонија, стратешките развојни документи на национално ниво и програмските документи за интеграција на Република Македонија во Европската унија.
Програмата за регионален развој на Скопскиот плански регион претставува основен развоен документ на регионално ниво за периодот од 2009 до 2014 година. Таа ја дефинира моменталната состојба на регионот, стратешките правци за развој и предлага мерки за утврдување и надминување на постоечките услови. Програмата е подготвена во периодот јуни-август 2009 година, водена од страна на Советот и Центарот за развој на Скопскиот плански регион во партнерство со повеќе од 140 претставници од општините од регионот, Министерството за локална самоуправа, експерти и УСАИД.
Програмата за развој на регионот е усвоена од страна на Советот за развој на Скопскиот плански регион (декември, 2009) по претходна согласност од страна на Советот за рамномерен регионален развој на Република Македонија.
 
 
 
Преглед на Програмата за регионален развој на Скопскиот плански регион за периодот 2009-2014
 
Ø Водечки принципи:
1. Отвореност, дијалог и соработка меѓу лидерите на заедницата и граѓаните преку траспарентност и позитивна насоченост;
2. Креирање на заедничка и јасна визија за иднината на земјата/ регионот и мисија за како со која стратегија ќе се стигне до таму;
3. Посветеност на лидерството и недвосмислена заложба за реализирање на визијата во соработка со граѓаните;
4. Промовирање и создавање на клима на позитивни вредности на личен и заеднички план преку медиумите;
 
Ø Економски мерки:
5. Економски мерки (локално и регионално) за востановување на сигурност и заштита на најелементарно ниво, како што е фамилијата. Тука како форма се најприкладни мали семејни бизниси. Подршката со политики, стимулации и финансови методи може да вроди со плод за кратко време;
6. Промовирање на претприемништвото во бизнисите;
7. Македонските производи и услуги (туризмот) треба да се заштитат и брендираат и да се промовираат најпрво на домашниот пазар а потоа и на блиските регионални пазари, заради вредноста на позитивен став кон себе и сопственото;
8. Промовирање на бизнис инкубаторите како можна форма па дури и понапредни форми како технолошки паркови;
9. Финансиска едукација и описменување на граѓаните;
 
Ø Еколошки мерки:
10. Мерки за заштита на почвата, водата и воздухот се исто така битни за воспоставување на сигурност во иднинатата за идните генерации;
11. Мерки за прочистување на почвата со засадување на конкретни култури како репа и сл;
12. Мерки за заштита на воздухот и водата преку строга имплементација на еколошките дозволи;
13. Инвестирање во алтернативните извори на енергија како сончеви колектори и ветерници – генератори на ел.енергија;
14. Инвестирање во заштедата на електрична енергија т.е. мерките за енергетска ефикасност;
 
Ø Институционални мерки:
15. Обезбедување на правичност во законодавниот и извршен систем на власт, транспарентност и отчетност;
16. Обезбедување на ефикасност на владиниот ( локален и централен) систем во пружањето на јавните услуги на граѓаните;
17. Зајакнување на инспекцискиот надзор за сите општествени категории;
18. Континуирано мерење и мониторитање на вредностите на клучните институции во системот на истиот принцип на кој што мерењето би било поставено на ниво на регион.
 
 
Визија на Скопскиот плански регион
 
Скопскиот регион во 2014 година е Европски развиен регион со максимално искористување на ЕУ предпристапната помош.
Како таков успешно ги реализира своите стратешки определби за економски атрактивен и престижен регион со стапка на вработеност на Европско ниво.
Скопскиот регион е  модерено, урбанизирано место за живеење со современа инфраструктура и поставени високи стандарди за живот.
Во својата грижа за идните генерации, Скопскиот регион е место на здрава и заштитена животна средина каде жителите се целосно здравствено и социјално згрижени.
Во Скопскиот регион грижата за човечкиот капитал и програмите за квалитетно и адекватна професионална работна квалификација на работната сила се примати за идниот развој.
 
 
 
 


III.         Стратешки правци за развој на Скопскиот плански регион
 
Стратешка област 1: Инфраструктура, транспорт, комунална, енергија
 
Стратешка цел 1: Современа транспортна, комунална и енергетска инфраструктура со целосна заштита на животната средина
Конкретна цел 1.1. Осовременување на постоечката патна инфраструктура
Конкретна цел 1.2. Осовеменување на постоечката железничка инфраструктура
Конкретна цел 1.3. Осовременување на инфраструктурата за воздушен сообраќај
Конкретна цел 1.4. Реконструкција, модернизација и проширување на системите за водоснабдување, одведување на пречистување на отпадните и атмосферските води
Конкретна цел 1.5. Управување со цврст отпад
Конкретна цел 1.6. Искористување на природното богатсво
Стратешка област 2: Заштита на животна средина
 
Стратешка цел 1: Здрава и заштитена животна средина
Конкретна цел 2.1. Поквалитетно и поефикасно следење на квалитетот на животната средина во Скопскиот регион
Конкретна цел 2.2. Обезбедување услови за планирање и управување со животната средина во регионот
Конкретна цел 2.3. Намалување на загадувањето на животната средина
Конкретна цел 2.4. Подобра заштита на природните реткости во планскиот регион
Стратешка област 3: Користење на средствата од ИПА инструментот
 
Стратешка цел 1:  Максимално искористување на средстават од ИПА инструментот
Конкретна цел 3.1. Изработен стратешки план на СПР за користење на средствата од ИПА инструментот
Конкретна цел 3.2. Подготвени кадри за изработка на ИПА апликации
Конкретна цел 3.3. Целосна информираност на крајните корисници за условите и критериумите за користење на средства од ИПА инструментот
Конкретна цел 3.4. Размена на искуство со земји кандидати и земји членки на ЕУ
Стратешка област 4: Економија, МСП, индустрија, иновации
Стратешка цел 1: Зголемување на нивото на економската развиеност на регионот преку поттикнување и развој на МСП, носечките индустрии и искористување на конкурентните предности на регионот
Конкретна цел 4.1. Поттикнување и развој на микро, мали и средни претпријатија
Конкретна цел 4.2. Поттикнување и развој на иновативноста и конкурентноста на носечките индустрии
Конкретна цел 4.3 Промоција и поттикнување на нови домашни и странски инвестиции
Конкретна цел 4.4. Развој на човечки ресурси според потребите на стопанството
Стратешка област 5: Човечки капитал – едукација, доживотно учење, здравство  социјална заштита
 
Стратешка цел 1: Промоција на модерно земјоделство и оддржлив рурален развој
Конкретна цел 5.1. Искористување и развој на човечкиот капитал (образование и доживотно учење)
Конкретна цел 5.2. Стимулација на соработката со стопанството и развојот на пазарот на трудот
Конкретна цел 5.3. Спречување на процесот на „одлив на мозоци“
Конкретна цел 5.4. Демографска ревитализација на регионот и општините
Конкретна цел 5.5. Унапредување на здравствената и социјалната заштита на населението
Конкретна цел 5.6. Искористување на човечкиот потенцијал во регионалниот развој
Стратешка област 6: Земјоделство и рурален развој
 
Стратешка цел 1: Промоција на модерно земјоделство и рурален развој
Конкретна цел 6.1. Подобрување на инфраструктурата (транспортна, комунална, енергетска, хидро)
Конкретна цел 6.2. Промоција на дополнително и неформално образование во областа на земјоделието
Конкретна цел 6.3. Промоција на меѓу-општинска соработка и формирање на микро региони
Конкретна цел 6.4. Промоција на иновативен регионален менаџмент во примарното земјоделско производство и преработката на земјоделските производи
Стратешка област 7: Туризам, искористување на природните и културно-историски ресурси во Скопскиот регион
 
Стратешка цел 1: Оптимално користење на природното и културно-историско наследство во функција на развој на туризмот
Конкретна цел 7.1. Збогатување на туристичката понуда преку содржинско подобрување на туристичките атракции и развој на туристичка инфраструктура
Конкретна цел 7.2. Поттикнување и развој на транзитен, бански, селски и традиционален туризам
Конкретна цел 7.3. Заштита и промоција на природното и културно-историско наследство
Конкретна цел 7.4. Креирање на конкурентски предности и јакнење на човечките ресурси во делот на туристичката гранка
Стратешка област 8: Урбанизам и просторно планирање
 
Стратешка цел 1: Поголема покриеност на Скопскиот регион со просторно-планска документација и нејзина брза и ефективна реализација
Конкретна цел 8.1. Поголема покриеност на планскиот регион со просторно-планска документација за планирање на урбаниот и другите сегменти од развојот
Конкретна цел 8.2. Унапредување на правната и институционална рамка за реализација на просторно-планска документација
Конкретна цел 8.3. Изработка на планска документација за подрачјата со специфични развојни потреби
 


Сподели на социјални мрежи

Поврзани информации

Завршен проектот ,,Изградба на пешачка патека во с.Петровец, траса по пат Р1102
30/12/2020

Завршен проектот ,,Изградба на пешачка патека во с. Петровец, траса по пат Р1102“


Повеќе
21/12/2020

Вовед во работа за проектот „Изградба на пешачка патека од пругата на с.Орешани и с.Таор до граница со с.Ржаничино, Општина Петровец – Општина Зелениково“


Повеќе
24/09/2020

Одржана воведна консултативна средба за изработка на Програма за развој на Скопскиот плански регион (2020 – 2024)


Повеќе

Центарот за развој на Скопскиот плански регион е формиран според Законот за рамномерен регионален развој во Мај 2009 година.

Centre for Development of the Skopje region has been established under the Law on Balanced Regional Development in May 2009.

Центарот за развој на Скопскиот плански регион е формиран според Законот за рамномерен регионален развој во Мај 2009 година.

За регионот

Скопскиот плански регион го опфаќа басенот на Скопската котлина и зафаќа вкупна површина од 1812 км2 или 7% од територијата на Република Македонија. Овој регион опфаќа 17 општини од кои 10 се дел од градот Скопје како посебна единица на локалната самоуправа. Градот Скопје е составен од следните општини: Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај, Центар, Чаир и Шуто Оризари.

About the region

Skopje region covers the basin of the Skopje valley and occupies a total area of 1812 km2, or 7% of the territory of Macedonia. This region encompasses 17 municipalities of which 10 are part of the City of Skopje as a separate unit of local government. City of Skopje is composed of the following municipalities: Aerodrom, Butel, Gazi Baba, Gjorche Petrov, Karposh, Kisela Voda, Saraj, Centar, Chair and Shuto Orizari.

За регионот

Скопскиот плански регион го опфаќа басенот на Скопската котлина и зафаќа вкупна површина од 1812 км2 или 7% од територијата на Република Македонија. Овој регион опфаќа 17 општини од кои 10 се дел од градот Скопје како посебна единица на локалната самоуправа. Градот Скопје е составен од следните општини: Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај, Центар, Чаир и Шуто Оризари.

Contact info

Street: Dimitrija Cupovski 13,
Economic Chamber of Macedonia building / 1st floor
1000 Skopje, Macedonia

phone: +389 2 3244 033
phone: +389 2 3244 036

contact@skopjeregion.gov.mk

Контакт инфо

Ул. Димитрие Чуповски бр. 13
Зграда на Стопанска комора на Македонија / први кат
1000 Скопје Македонија

тел.: +389 2 3244 033 тел.: +389 2 3244 036

contact@skopjeregion.gov.mk

Контакт инфо

Ул. Димитрие Чуповски бр. 13
Зграда на Стопанска комора на Македонија / први кат
1000 Скопје Македонија

тел.: +389 2 3244 033 тел.: +389 2 3244 036

contact@skopjeregion.gov.mk