Вработените од Центарот за развој на Скопски Плански Регион, предводени од раководителот Г-ѓа Розета Арсовска беа во посета на Градоначалникот на Општината Ѓорче Петров, Г-дин Сокол Митровски, кој воедно ја врши и функцијата Председател на Скопски Плански Регион. На средбата се разговараше за реализираното до сега и за проектите кои треба во иднина да се реализираат на ниво на регионот.
Воедно, Г-ѓа Арсовска се заблагодари за безрезервната поддршка од досегашниот Председател на ЦРСПР, Г-дин Митровски и за неуморната работа на терен, секогаш кога за тоа ќе имало потреба. Во Скопски Плански Регион членуваат 17 општини и Градот Скопје како посебна единица на локалната самоуправа, од кои десет се градски, а седум се рурални општини. По завршување на мандатот на Градоначалникот Митровски ќе се избира нов Председател.
Мандатот на Председателот трае 2 години, а Градончалникот Митровски оваа функција ја извршуваше во два мандати.
За време на мандатот на Претседателот Митровски беа реализирани многу проекти и технички документации од кои поважни се: