На денешната 20-та Седница на Советот за развој на Скопски плански регион (20.02.2013), точки на дневен ред беа:
На седницата, Претседателот на Скопски плански регион, Градоначалникот Сокол Митровски додели Благодарници на членовите на Советот-градоначалниците за големиот придонес во реализација на програмските активости, како и поддршка во остварување на целите за рамномерен региуонален развој на Скопски плански регион.
Советот за развој на Скопскиот плански регион составен од градоначалници од 17 општини и Градот Скопје активно работи на создавање на предуслови за развој и промоција на природното и културно-историското наследство на територијата на сите општини кои влегуваат во состав на Скопскиот планскиот регион.
Имајќи ги во предвид природно-атрактивните, општествено-културните, комуникациско- сообраќајните, просторните и други услови со кои располага Скопскиот плански регион, постојат реални можности за успешен развој на туризмот како атрактивна стопанска гранка.
Главна цел на Скопскиот плански регион претставува зголемување на информираноста на странските и на домашните туристи за туристичкиот потенцијал со кој располага регионот. Ваквата состојба ја наложи потребата од мапирање на природното и културно-историското наследство во Скопскиот плански регион.
Со реализација на проектот, изработена е „Студијата за мапирање и промоција на природното и културно-исторското наследство во Скопскиот плански регион“, во која се вградени сите информации кои се однесуваат на 320 мапирани објекти од културно наследтсво и околу 20 знаменитости и предели од природно богатство. Студијата има намена за задоволување на културните, научните, едукативните, верските, економските, туристичките и другите потреби на граѓаните и на општеството; а како крајна цел е пренесувањето на културното наследство на идните генерации.
Потоа, изработена е карта на Скопскиот регион со сите 17 општини од регионот, на која се обележани сите објекти, локалитети и знаменитости од културното и природното наследство.
Изработена е брошура со најзначајните објекти и локалитети од сите 17 општини, како и интерактивен веб портал ( http://tourism.skopjeregion.gov.mk ) на кој можат да се добијатг сите информации за целокупното културно и природно наследтсво. На веб проталот претставено е културното и природното наследтсво за секоја општина поединечно.
Целокупниот промотивен материјал ќе биде достапен во ИНФО бирото за туризам на град Скопје (лоцирано во центарот на градот), во општините, како и во хотелите и туристичките агенции, се со цел зголемување на информативноста на посетителите.
Проектот е финансиран од страна на Владата на Р.М. согласно Програмата за регионален развој за 2011 година, како и од буџетот на Градот Скопје и Центарот за развој на Скопски плански регион. Проектот е реализиран во партнерство со сите 17 општини и Градот Скопје.