[vc_row][vc_column][vc_column_text]Центарот за развој на Скопскиот плански регион е формиран според Законот за рамномерен регионален развој во Мај 2009 година.
Скопскиот плански регион зафаќа вкупна површина од 1812 км2 или 7% од територијата на Република Македонија. Овој регион опфаќа 17 општини и Градот Скопје како посебна единица на локалната самоуправа, односно 10 урбани општини кои се дел од градот Скопје и 7 рурални.
Неговата основна задача е јакнење на капацитетот на мрежите во локалната и руралната заедница, бизнис секторот, стимулирање на развојот на локално и регионално ниво, јакнење на принципот на jавно приватно партнерство и делување во насока на подигање на квалитетот на живеење.
Центарот за развој на скопскиот плански регион ги врши следните работи:
- Изготвува предлог-програмата за развој на планскиот регион;
- Изготвува предлог-акционен план за имплементација на Програмата за развој на планскиот регион;
- Подготвува предлог-проекти за развој на планскиот регион и за подрачјата со специфични развојни потреби;
- Координира активностите поврзани со имплементацијата на Програмата за развој на планскиот регион и ги реализира проектите за развој на планскиот регион;
- Обезбедува информации до заинтересираните страни за текот на реализацијата на Програмата за развој на планскиот регион и други прашања поврзани со регионалниот развој;
- Обезбедува стручна и техничка помош за единиците на локалната самоуправа при подготовката на нивните програми за развој;
- Обезбедува стручни услуги на здруженија на граѓани и други заинтересирани страни за подготовка на проекти од областа на регионалниот развој;
- Поттикнување меѓу-општинската соработка во рамките на планскиот развој;
- Спроведува проекти за поттикнување на развојот на планскиот регион, финансирани од фондовите на Европската унија и други меѓународни извори;
- Врши промоција на развојните можности на планскиот регион и
- Врши стручни и административно-технички работи за потребите на советот за развој на планскиот регион.
Тим
М-р Љупчо – Кец Мицковски
Раководител на Центарот за развој на Скопски плански регион
Адреса: Ул. Димитрие Чуповски бр. 13
Зграда на Стопанска комора на Македонија / први кат
1000 Скопје, Република Македонија
1000 Скопје Македонија
Тел.: +389 2 3244 033
+389 75 311 147
емаил: ljupcokec@skopjeregion.gov.mk
- Го претставува, застапува и раководи со Центарот;
- Управува со имотот на Центарот;
- Воспоставува и одржува хоризонтална и вертикална комуникација;
- Ја координира, насочува и контролира работата на Центарот;
- Донесува Правилник за систематизација на работните места во администрацијата на Центарот;
- Одлучува за вработувањата, правата, должностите и одговорностите на вработените;
- Предлага на Советот за развој на Скопскиот плански регион: програми и планови, предлог проекти, извештаи и останати документи изготвени од страна на Центарот;
- Врши други работи утврдени со Закон.
Розета Арсовска
Координатор за регионален развој
емаил: rozeta@skopjeregion.gov.mk
тел.: +389 2 3244 033
Ирина Тростјанска
Советник за административно-технички работи
емаил: irina.trostjanska@skopjeregion.gov.mk
тел.: +389 2 3244 033
Даниела Андоновска
Раководител на одделение за нормативно-правни и финансиски пеашања и други стручно административни и општи работи
емаил: daniela@skopjeregion.gov.mk
тел.: +389 2 3244 033
Озан Адемовски
Координатор за регионален развој
емаил: ozan.ademovski@skopjeregion.gov.mk
тел.: +389 2 3244 033
Викторија Митрикеска
Координатор за одржлив развој и поддршка на приватен сектор
емаил: bc.spr@skopjeregion.gov.mk
тел.: +389 2 3244 036
www. http://investinskopjeregion.mk/
Сирма Илијоска Трифуновска
Раководител на одделение за стратешки, развојни и стручно технички прашања.
емаил: sirma@skopjeregion.gov.mk
тел.: +389 2 3244 033
Регина Икономовска
Советник за промоција на туризам, култура и рамномерен регионален развој Ул. Димитрие Чуповски бр. 13 Стопанска комора на РСМ / први кат
1000 Скопје, Република Северна Македонија
емаил: regina@skopjeregion.gov.mk
тел.: +389 2 3244 033 / +389 071 593 212 www. investinskopjeregion.mk
Совет за развој на СПР
Советoт за развој на планскиот регион се формира за секој регион посебно.
Членови на Советот за развој на Скопскиот плански регион се Градоначалниците на Единиците на локална самоуправа во состав на регионот и Градот Скопје.
Со Советот раководи Претседателот, кој се избира од редот на Градоначалниците, со мандат од 2 (две) години.
Општини во Скопскиот плански регион:
Град Скопје | Аеродром | Бутел |
Гази Баба | Ѓорче Петров | Карпош |
Кисела Вода | Сарај | Центар |
Чаир | Шуто Оризари | Арачиново |
Зелениково | Илинден | Петровец |
Сопиште | Студеничани | Чучер Сандево |
Советот за развој на Скопскиот плански регион ги врши следните функции:
- Ги организира и координира активностите за следење и оценување на спроведувањето на планските документи за регионален развој;
- Донесува Програма за развој на планскиот регион, по претходна согласност од Советот за рамномерен регионален развој;
- Донесува годишен акционен план за спроведување на Програмата за разој на планскиот регион;
- Утврдува годишна листа на предлог-проекти за равој на планскиот регион;
- Доставува предлози до Бирото за регионален развој за идентификување на подрачјата со специфични развојни потреби во рамки на планскиот регион, согласно со критериумите од членот 7 на овој закон;
- Обезбедува координација на активностите на единиците на локалната самоуправа, здруженијата на граѓани, државните агенции и институции во рамките на регионот кои дејствуваат во областа на регионалниот развој;
- Иницира разгледување на прашања поврзани со регионалниот развој за кои е неопходна координација меѓу единиците на локалната самоуправа и партнери од приватниот и граѓанскиот сектор;
- Ја промовира прекуграничната соработка со региони од други земји врз основа на заедничките интереси;
- Врши и други работи од областа на регионалниот развој утврдени со закон;
- Советот за развој на планскиот регион усвојува годишен извештај за спроведување на Програмата за развој на планскиот регион.
[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row]