Соработката помеѓу двете институции ќе се темели на следните принципи: посветеност, отвореност, точност и исполнителност, непречена комуникација, приоритет на едниот партнер во изборот на партнери при реализација на поставените цели во рамките на приоритетните програми за спроведување од страна на двете институции како и на основните принципи на работа на двете институции.
Согласно заедничкиот фокус предвиден во “Програмата за застапување и претставување на македонските институции, јавни и приватни организации во Република Македонија и во Брисел” како и во “Програмата за регионален развој на Скопскиот плански регион” кои се прилог на овој Меморандум, двете институции се согласуваат за отпочнување на соработка во делот на реализацијата на стратешките правци за развој на Скопскиот плански регион наведени во осумте стратешки области:
Соработката ќе се реализира преку активно вклучување на Македонскиот Институт за Интеграција во реализицијата на наведините стратешки области, со испорака на услуги, предлози, идеи, обуки за стручно и интензивно образование за препознавање, подготовка, апликација, имплементација и евалуација на потребни проектни предлози и идеи за аплицирање и искористување на фондови во „арената на ЕУ финансирање“, организирање на настани за промоција на поединечните интереси вклучувајќи ги и можностите за развој на Скопскиот плански регионот како во Република Македонија така и во ЕУ (Брисел), воспоставување на линк помеѓу Регионот и неговите идни потенцијални партнери со заеднички интереси, обезбедување на потребен мониторинг на општи и специфични навремени информации, консултации за македонски работи, можности за изработка на студии, платформа за публикации, брендирање на името на Регионот како и заедничко организирање на конференции, трибини, практични посети во сродни институции во Брисел.